Храна за подобро спиење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кога ќе се спомене хормонот за сон, многумина ќе помислат на додатоците кои луѓето ги конзумираат за полесно да заспијат. Меѓутоа дали сте знаеле дека овој хормон може да го добиете со некои намирници?

Ако некој сака природно добро да се одмори, а го нема тоа, тогаш можеби треба да внимава што конзумира. Еве неколку намирници кои може да ви помогнат за подобар сон.

Стручњаците сметаат дека јаткастите плодови се одличен извор на мелатонин, а најмногу ги има во бадемите и фстаците.

Постои причина зошто сме пиеле млеко како мали за да заспиеме. Кравјото млеко е уште еден извор на мелатонин, и чаша млеко пред спиење може да биде добра идеја.

Ако сакате вишни, тогаш имате среќа. Киселиот сок од вишни е еден од најдобрите извори на мелатонин.

Бананите исто така може да бидат вклучени во вашата исхрана пред спиење, за да ви биде подобар сонот.

Додавање на свежа риба во вашата исхрана, може да биде не само здраво, туку да ви помогне во подобар сон. Исто така и јајцата се храна кои се пребогати со мелатонин.