Нов скандал со вакцината АстраЗенека. Овој пат во Хрватска, откако маж на 33-години починал, 12 дена по примањето на вакцината на АстраЗенека.
Хрватската агенција за лекови (ХАЛМЕД) веднаш почнала истрага.
Како што пренесува „Индекс“, мажот е од Сисак. Починал утрово во Клиничкиот центар Ребро.
Порталот пренесува дека бил вакциниран на 5. март, а после вакцинацијата имал покачена температура, но тоа траело 2-3 дена.
После тоа бил во ред, а десетина дена подоцна добил болки во абдоменот.
Бил хоспитализиран во „Ребро“, каде му направиле магнетна резонанца, а било утврдено крварење во надбубрежната жлезда.
Ќе се испитува дали вакцинацијата била поврзана со компликациите кои се јавиле кај машкото лице. Таа поврзаност засега не е исклучена.
