Во Хрватска во 7:00 часот почнаа осмите претседателски избори за претседател на Републиката. За таа функција има осум кандидати, избирачките места се отворени од 7 до 19 часот.
Во изборната трка учествува и сегашниот претседател Зоран Милановиќ, а Хрватите може да гласаат и за Миро Буљ, Томислав Јоњиќ, Ивана Кекин, Бранка Лозо, Драган Приморац, Марија Селак Распудиќ и Нико Токиќ Картело.
Претседателските избори ќе имаат и втор круг на 12. јануари 2025 година, ако ниту еден кандидат денеска не добие мнозинство.