Хрватска ќе постави министерка за здравство по апсењето на доскорашниот министер

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На состаноците на Претседателството на ХДЗ и парламентарното мнозинство одржани утринава, премиерот Андреј Пленковиќ ја предложил др. Ирена Хрстиќ како кандидат за нов министер за здравство, која во таа прилика ги претстави и приоритетите на својата работа во Министерството за здравство, согласно владината програма.

Раководството на ХДЗ го поддржа предлогот.

Хрстиќ работела како директорка на болницата во Пула, а во соработка со Владата реализирала изградба на нова болница, што е најголем проект во здравството во областа Истра.

Хрстиќ ќе треба да го замени Вили Берош, кој беше уапсен неодамна поради малверзации и примање мито.