Хрватска: Лекарите тврдат дека родителите немаат причина за загриженост во врска со БСЖ-вакцината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако во Хрватска привремено беше прекината примената на БСЖ-вакцината, бугарскиот производител тврди дека во два случаи на деца им била дадена дури 10 пати поголема доза од пропишаната. Од Хрватскиот завод за јавно здравје, пак, посочуваат дека во пријавите за несакани реакции што ги добиле не е наведена грешка при аплицирањето на вакцината.

Наместо очекуваните најмногу три случаи на остеомиелитис на милион дози БСЖ-вакцина, во Хрватска се пријавени четири сомнителни случаи по примени 60.000 дози.

„Во овој момент, конкретно кај оваа вакцина, не знаеме дали станува збор за несакана реакција, за вообичаена зачестеност или за нешто трето. Дури кога ќе дознаете за што станува збор, можете да постапувате“, изјави министерката за здравство Ирена Хрстиќ.