Хрватска, Мароко, Јапонија и Шпанија во 1/8 финале, Германија и Белгија си одат дома

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неколку сензационални резултати денеска на Мундијалот во Катар. Третопласираниот од минатото Светско првенство, тимот на Белгија ќе си оди дома, откако денеска не успеа да ја победи селекцијата на Хрватска. Одигра само без голови и така е елиминирана од Катар.

Од таа група Ф понатаму оди и Мароко како првопласирана, која денеска без проблеми ја совлада Канада со 1-2.

И Германија заврши со настапите на Мундијалот. И покрај победата од 4-2 над Костарика со пресврт, благодарение на победата на Јапонија над Шпанија, Германците се елиминирани. Јапонците од групата „Е“ се најдоа на првото место, додека Шпанија заврши како второпласирана.