Пластичните кеси во кои се сместени овошје, зеленчук и месо, кои досега беа бесплатни низ Западен Балкан, во Хрватска ќе се наплаќаат од 1 јануари 2025 година.
Продавниците се должни да воведат наплата според Правилникот за пакување и отпад од пакување, пластични производи за еднократна употреба и риболовни средства што содржат пластика.
Најголемиот малопродажен синџир во Хрватска, Конзум, прв ја откри цената по која ќе ги наплаќа, пренесува Даница.хр.
„Од 1 јануари во нашите продавници во секторите за овошје и зеленчук, месарницата и рибниот пазар, употребата на лесни кеси ќе се наплаќа по цена од 1 цент по парче. Ги повикуваме клиентите одговорно да ги користат пластичните кеси со цел заедно да придонесеме за намалување на пластичниот отпад“, рече Конзум.
Станува збор за вреќи со дебелина на ѕидот до 15 микрометри.
Со воведување на наплата за овие кеси, се прави обид да се поттикнат клиентите да користат платнени или хартиени кеси или да пазаруваат со дама/корпи.