Хрватска: Од коронавирусот 2.399 новозаразени, 35 починати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.399 нови случаи на коронавирус, така што бројот на активни случаи во таа земја е вкупно 15.542.

Меѓу нив, 1.330 пациенти се во болница, од кои 128 се на апарати за дишење.

35 лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 64.704 лица заразени со вирусот корона, од кои 752 починаа, вкупно 48.410 лица се опоравија, од кои 2.389 во последните 24 часа.

Во моментов, 31.642 лица се во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 550.229 лица, од кои 8.624 во последните 24 часа.