Хрватска почна да забранува посети по болниците поради зголемен број случаи на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општата болница во хрватскиот град Копривница, од вчера ги забрани сите посети на пациентите.

Како што штотуку најавија, тоа го прават поради зголемениот број на пациенти позитивни на Ковид.

„Ве известуваме дека поради зголемувањето на бројот на пациенти со КОВИД-19 позитивни, посетите на Општата болница „Др. Томислав Бардек“ Копривница.

Посетите на нашата болница се забранети до дополнително известување“, соопштија во петокот од управата на Општата болница Копривница.

Според медиумите, се очекуваа оваа забрана да ја воведат и некои други болници низ земјата.