Хрватска: Се возеле со чамец среде ноќ па удриле во карпа, едно лице загина!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на ноќта околу 2:30 часот во полиција било пријавено дека гумен чамец удрил во карпа кај островчето Маринковац.

Според првичните информации, во моментот на несреќата во чамецот имало две лица. Едното лице починало, другото е пренесено на лекарска помош.

За настанот е известено надлежното државно правобранителство. На местото на настанот ќе се врши увид, предводена од заменик општинскиот државен правобранител, соопштија од полицијата.