Полициски службеници од Нова Градишка, Хрватска во тек на рутинска контрола, во 12:10 часот, сопре приватен автомобил, управуван од 53-годишна жена.
Со алкотест е утврдено дека била под дејство на алкохол, а прочитаната концентрација на алкохол била 3,77 промили.
Алкохолизираната 53-годишна жена е веднаш исклучена од сообраќај и задржана во полиција до нејзино отрезнување.
Претходно ја прегледале и лекари и констатирале дека е способна за задржување и понатамошна постапка.
Полицијата против жената ќе поднесе тужба.
