Хрватски автобус се преврти во Германија – осум лица повредени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Хрватски автобус се преврте вчера во Германија при што осум лица се здобија со повреди. Од нив две лица се во потешка состојба.

Според тамошните медиуми, силен ветер го превртел автобусот кај Томердинген, додека тој се движел на релација Баден – Вуермберг.

Тешко се повредени 48-годишен возач и 53-годишен патник додека шест лица се полесно повредени.

Патот Б10 по кој автобусот возел бил затворен неколку часа поради тешките временски услови, а пуштен е за сообраќај утринава.

Поради несреќата на делницата на терен излегле 15 пожарникарски возила и 60 пожарникари, шест возила на итната служба и неколку полицајци.

Станува збор за автобус сопственост на хрватската компанија „Плеша Реисен“, која работи на релации од Осијек, Ѓаково, Славонски Брод и Загреб до разни локации во Германија.