Хрватскиот претседател и неговата сопруга модно се усогласија за пречекот на гостите од Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, во придружба со сопругата Сања Мусиќ Милановиќ денеска се сретнаа со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски кој беше во придружба со својата сопруга Елизабета.

Милановиќ и Сања ја пречекаа претседателската двојка од Македонија во Пантовчак. За оваа пригода, Првата дама на Хрватска избра впечатлива розово-сина комбинација, која ја заокружи со црвен кожен ремен.

Имено, Сања носеше розово здолниште во А-линија и салонки во иста боја и сина блуза, а интересно е што нејзиниот сопруг Зоран Милановиќ модерно се усогласи со неа и избра розова вратоврска за оваа пригода.

Првата дама на Македонија пристигна во едноставна, но повторно свечена комбинација.

Пендаровски исто така беше модерно усогласен со комбинацијата на сопругата.