Oppo ја презеде лидерската позиција од Huawei и стана најпродаваниот бренд на смартфони во Кина за првпат во историјата.
Во јануари, компанијата Oppo поседуваше 21 процент од пазарот и беше пред Vivo и Huawei, кои заземаат по 20 проценти од пазарот, додека Apple и Xiaomi имаат удел на пазарот од 16%.
Продажбата на компанијата Oppo порасна за 26 отсто во однос на минатата година, односно за 33 осто во однос на минатиот месец. Новата серија Reno 5 имаше голем успех бидејќи понуди подобри спецификации по ниски цени во однос на претходната серија Reno 4.
За да може Оppо да го зголеми уделот на пазарот, некој мораше да го изгуби, а тоа е Хуавеи, кој се фокусираше на премиум пазарот поради недостаток на компоненти предизвикани од американските санкции, па кинеските дистрибутери се свртеа кон други брендови за да го задоволат пазарот. Хуавеи го продаде Honor, што исто така резултираше со намалување на уделот на пазарот, бидејќи оваа марка сега се смета за конкурент.
Овие бројки се однесуваат само на еден месец, но се очекува дополнителен пад на Huawei во текот на оваа година.
