Фудбалскиот клуб Панатинаикос од Грција и натаму е во тага по смртта на својот фудбалер Џорџ Балдок. Тој почина во својата вила на Глифада, Атина кога бил пронајден мртов во базн.
После оваа трагедија, клубот одлучи во знак на сеќавање да организира хуманитарен меч. Целиот приход ќе оди на неговото семејство, неговата сопруга и едногодишната ќерка.
Претходно Панатинаикос одлучи да му го исплати целиот договор од три години и тие пари да ги даде на сопругата и ќерката.
