Хуман гест на охриѓанка, бесплатно сместување за деца со посебни потреби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хуманоста повторно покажа дека постои, откако охриѓанка понуди бесплатно сместување за семејства со деца со посебни потреби, кои не се во можност да си дозволат летување.

Станува збор за понуда од Зорица, која ги отвори вратите на своите апартмани во селото Трпејца, сместени веднаш до плажа, за родители и деца на кои им е потребен одмор и поддршка.

Како што информира, бесплатното сместување ќе биде достапно во периодот од 5 мај до 5 јули, а заинтересираните семејства можат директно да ја контактираат за повеќе информации и резервации.

Овој гест доаѓа во време кога многу семејства со деца со посебни потреби се соочуваат со финансиски и логистички предизвици, што често ги спречува да заминат на одмор. Со оваа иницијатива, Зорица испраќа силна порака за солидарност и грижа во заедницата.