Хуманоста не се „изолира“ во Тетово, им се помага на луѓето кои имаат потреба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во време на пандемија и изолација, хуманитарното здружение Нова надеж, секој ден дели по 100 леба за потребите на граѓаните на Тетово. Од таму велат дека тоа го финансираат неколку хуманисти и компании, а во текот на следната недела се очекува ова здружение да подели по 50 пакети секој ден на семејствата на кои тоа им е потребно.

„Причината е децата кога ќе се разбудат бараат да јадат, ние функционираме, 14 дена делиме леб, потоа планираме да делиме и пакети со храна до семејствата на кои им е потребно.“, вели Насер Асани од Нова надеж.

Здружението Зора на милосрдието во овој период дели околу 500 пакети храна на ниво на цела територија, со цел во време на пандемија да се ублажи сиромаштијата.

„Како последица на пандемијата од Ковид-19, имаше големи барања, активноста ја нарековме “милосрдието не се изолира“ и планираме по првите 80 пакети да собереме до 500 пакети и да се делат на ниво на цела држава.“, вели Висар Џафери.

На територија на Тетово пакети со храна дели и хуманитарното здружение: “Сираците на Балканот“, “Класје на добрината“ и многу хуманисти кои сакаат да останат анонимни.