И „8-ми Септември“ целосно исполнета со ковид пациенти – се чува едно или две слободни места за најтешки случаи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Слободни кревети за хоспитализација во Градската општа болница „8-ми септември“ во Скопје нема.

„Од 80 кревети, 79 се веќе пополнети со пациенти. Секогаш оставаме едно или две слободни места за најтешко болните од Ковид- 19. Од синоќа до утрово извршивме исто така 80 прегледи на пациенти кои се жалеа на симптоми од корона вирус“, вели директорот на 8-ми септември Костов за Телма.

Пред неколку денови, епидемиологот д-р Жарко Караџовски најави дека „8-ми септември“ повторно ќе биде ковид центар.

Оваа болница во минатото беше центар за пациенти со коронавирус. Меѓутоа по намалувањето на случаите летоска, полека се враќаше во нормала.

Поради пополнетите капацитети на Инфективната клиника, и на модуларната болница, во ковид центар беа претворени и неколку оддели од Клинка.