И денеска протести низ Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Студентите денеска ги блокираа факултетите, во знак на протест против актуелната власт и поради падот на настрешницата во Србија која усмрти 15 лица. Неколку стотици мотоциклисти денеска учествуваа со хуманитарно возење, и им дадоа поддршка.

„Тука сме да ги поддржиме студентите во она што тие го прават веќе некое време. Тука сме да се бориме за безбедна и слободна Србија“, изјави за Радио Слободна Европа еден од мотоциклистите Милан.

Мотоциклистите им дадоа посебна поддршка на студентките кои беа повредени за време на претходните студентски протести.

Дваесетгодишна студентка беше тешко повредена на 16 јануари во центарот на Белград, кога во неа удри автомобил за време на протестна блокада на раскрсницата.

За време на протестот на 24 јануари, исто така во Белград, беше повредена дваесет и петгодишна студентка кога автомобил налета на демонстрантите за време на протестот во Белград.

Студентите во Србија повеќе од два месеци ја блокираат работата на повеќе од 60 факултети, барајќи одговорност за смртта на 15 лица во падот на настрешница во Нови Сад на 1 ноември 2024 година.