Облечени и со нацртани лица како палестинското знаме. На овој начин се одбележа Меѓународниот ден на децата – 1 Јуни во Скопје.
Заедно со своите родители децата од Скопје излегоа да се солидаризираат со децата в Газа кои во страв и под постојани израелски напади ги минуваат најтешките моменти од нивниот живот. Тие испратија и порака.
ИКРА ЈАКУПИ
Денеска се облеков вака за Палестина, кога се облеков вака размислував дека и помагам на Палестина и замислувам како да сум во Палестина, вели Икра Јакупи.
Новинар: Каква порака би им испратила на сите деца?
Денеска би посакала сите деца да бидат во мир, да не страдаат туку сите деца да живеат во мир, вели Икра Јакупи.
Денес е ден на децата и денеска им го посветивме овој ден на децата во Палестина бидејќи тие страдаат повеќе од нас овде кои имаме добри услови, рече друго девојче.
Новинар: Каква порака би испратиле до децата денеска?
Денеска на сите деца би им кажала дека треба да бидат среќни и да немаат никакви проблеми, вели Бехра Идризи.
Денеска да немам проблеми, на пр. Да не се караат денес од родителите. Да не се убиваат, вели Бехра Идризи.
Денеска, на Светскиот ден на детето, сакам децата во Палестина да бидат слободни како нас, рече друго девојче.
Координаторката на мрежата на организацијата „Женски глас за мир и солидарност“, Мерсиха Смајловиќ, рече дека целта на оваа програма е со продажба на различни производи, собраните пари да бидат испратени како помош за Палестина.
Програмата за деца беше на албански, македонски, турски, босански, арапски и англиски јазик.
