„И натаму се непознати многу работи со вирусот“, рече Филипче на приемот на вакцини од Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, на примопредавањето на втората пратка вакцини од Србија на ГН „Табановце“, рече дека вирусот и натаму е непредвидлив, и дека се непознати уште многу работи околу него.

„Постојат случаи на реинфекција, односно лице кое прележало коронавирус, повторно да се инфицира. И натаму се непознати многу работи со вирусот, и сега се испитуваат.

Некои имаат антитела, некои немаат антитела по прележување на вирусот. Сега се испитува дали овој нов сој кој полесно се шири може да се врати кај оние кои во минатото прележале коронавирус“, рече Филипче.

На прашање на тоа дали ќе има некои нови рестриктивни мерки, Филипче одговори дека не е исклучена можноста за такво нешто, но во моментов немаме такви индиции.