Влезовите и излезите од Арачиново се целосно блокирани по пукањето на пладне кон лица блиски на градоначалникот Ридван Ибрахим.
Во моментов може да се забележи и полициски хеликоптер кој ја надлетува општината. Се трага по автомобилите и луѓето кои пукаа во градоначалникот.
Веќе објавивме, дека едно лице е тешко повредено и итно префлен на скопските клиники каде во тек е операционен зафат.
Од куршумите се ранети уште две лица, додека се наведува дека има и едно лице загинато. Но овие информации во моментов не може да се потврдат.
