Тетово не беше украсено за дочекот на Новата година меѓутоа денеска плоштадот почна да добива празнична атмосфера. Таму беа поставени неколку киосци, заедно со некои реквизити за деца. Од Општината најавија и дека ќе има огномет точно на полноќ.
-Општина Тетово ангажираше тим од лиценцирани професионалци кои ќе се погрижат за палење на огнометот на безбеден и спектакуларен начин, за да ви понудат празнична и возбудлива атмосфера“, велат од Општина Тетово.
Во тетовските кафулиња нема организација на никакви активности, а на градот му недостигаат реклами за слични настани. Граѓаните кои денеска ги анкетиравме велат дека новата година ќе ја чекаат со семејството дома. За нив, славењето дома е побезбедно, подобро и воедно поекономично.
АНКЕТА:
-Во домашен амбиент со семејството. Не вреди да се оди ваму-таму. Подобро од со семејството нема.
-Дома со семејството, дома со семејството има најдобра атмосфера.
-Дома, во градот нема атмосфера, никој не слави, гледате нема ниту светилки ни ништо, голем срам, граѓаните одат во други градови.
-Јас воопшто не чекам Нова година. Овде 95% се муслимани , не слават. Тие што сакаат да слават одат во Скопје.
-Дома со семејството. Има решение но јас сакам дома со семејството, со никој друг, јас можам каде што сакам, но не сакам по ресторани, сакам дома.
Граѓаните кои сакаат да ја прослават Новата година, избраа да прослават во другите градови, како Приштина, Тирана и Скопје, каде на плоштадите ќе се одржат концерти.