Еден од ризик факторите за предвреме родените бебиња е и загадениот воздух. Ова го истакна директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) д-р Ирена Алексиоска Папестиев на денешното одбележување на Светскиот ден на предвремено родените бебиња – 17 ноември.
„Се повеќе податоци говорат дека влијание има и загадениот воздух за предвремени породување, по што потоа овие пациентки ќе станат и дел од интензивната нега“, рече Папестиев.
Лани во Македонија имало вкупно 604 предвремено родени бебиња, а во оваа година досега овој број е пораснат за 681, иако до крајот на годината има уште нешто повеќе од 40 денови.