Илегалната миграција во Словенија намалена за 39 отсто

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Словенечката полиција во првите 10 месеци од годинава се справила со 8.144 нелегални обиди за влез во земјата, што е за околу 39 отсто помалку во однос на истиот период лани.

Најмногу илегални мигранти има од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, кои сочинуваат речиси половина од вкупниот број, пренесе агенцијата СТА.

Полицијата во Копер оцени дека зголемувањето на бројот на илегални премини е помало од очекуваното.

Освен во Копер, каде има најголем проток на мигранти, зголемување на илегалците е забележано и во Марибор, главно поради оние кои сакаат да ги избегнат ковид мерките или метежот, преминувајќи ја границата надвор од службените премини.