Илјадници работници во германската метална и електроиндустрија стапија во штрајк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Илјадници работници во германската метална и електроиндустрија денеска стапија во штрајк на повик на германскиот синдикат ИГ Метал. Штрајкот се прошири во компании низ целата земја, а прекините на работата се планирани во текот на целата недела, во рамки на спорот за платите што опфаќа околу 3,7 милиони вработени.

Работниците во компании како „Ауди“, „Мерцедес-Бенц“ и „Тата Стил“ ја прекинаа работата, а штрајкови се најавени во повеќе од 2.000 погони низ Германија, пренесува „Дојче веле“.

Меѓу компаниите кои би можеле да бидат погодени од штрајкот се и производителите на автомобили „Опел“ и „Ролс-Ројс“, како и „Дајмлер Трак“, добавувачот за секторот на електрична мобилност „Витеско“, компанијата „Проктер енд Гембл“ и производителот на прецизна опрема „Паул Бајер“.