Им доцнела платата, а потоа биле избркани од работа – реагира КОСМ: Ова е поради инает на Арсовска пред изборите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Тројца вработени во различни јавни претпријатија во рамки на Град Скопје се избркани од работа бидејќи изразиле револт за доцнењето на платите. Како што соопшти претседателот на Конфедерацијата на синдикалните организации, Марјан Ристески, бројни притисоци се прават врз сите вработени во јавните претпријатија кои се пожалиле на нерегуларности или кои учествуваат на протести.

Од синдикатот велат дека се пожалиле до управниот одбор на јавното претпријатие но и до Трудовиот инспекторат. Двете институции на поништиле одлуката на директорите за разрешување, и наложиле нивно враќање на работа. Меѓутоа, вработените се уште не се вратени на работа. Се сомневаат дека ова се прави заради политички поени пред изборната кампања.

реклама

Доколку наскоро не се најде решение, од Конфедерацијата велат дека ќе ги блокираат улиците од раскрсницата пред Влада до објектот на Град Скопје.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама