Има ли политички договор за амнестија на фамилијата Заеви? Одговара Мицкоски во Клик Плус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Има ли политички договор за амнестија на фамилијата Заеви?

На ова прашање вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори премиерот Христијан Мицкоски.

„Не, ние не не предупредувавме дека само Вице Заев е замешан, туку исто така предупредувавме и говоревме, и имавме прес конференции за многу инстант компании кои што се формирани во Тетово или во други градови во близина на седиштето на една политичка партија, која инстант се формира и веднаш се добитници на милионски бизниси во делот на увоз на јаглен“, вели Мицкоски.

Мицкоски потсетува дека тие направиле акција за која постојат основани сомненија, и за 23 лица (-1 – Димитар Ковачевски кој што не е достапен на органите на прогонот) се веќе покренати одредени истражни дејствија.