Има ли уште фирми кои даваат „плата во плик“? Одговара Петрова

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, во гостувањето во „Бизнис21“ потврди дека и понатаму пристигнуваат претставки за исплата на плати „во плик“ и други форми на неформално плаќање.

„Добиваме претставки и поплаки кои се однесуваат на исплата на плати на црно, односно во плик. Тие пријави ги препраќаме до Државниот инспекторат за труд,“ изјави Петрова.

Таа додаде дека УЈП во своето редовно постапување постојано се справува со сивата економија, која, како што нагласи, е поврзана со движењето на готовината во системот.