Адвокатот на Јордан Камчев повторно излезе пред медиумите. Тој вели дека побарале да го видат документот врз кој е притворен неговиот клиент, а како што вели, тој документ се уште не го добиле.
Претседателката на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, не коментираше дали е автентична содржината на документот кој се појави во медиумите а за кој се претендира дека е запис од Агенцијата за национална безбедност, врз чија основа е притворен Орце Камчев.
Информацијата за можно бегство на Камчев ја даде АНБ. Бизнисменот Орце Камчев во замена за домашен притвор понудил 1.7 милиони евра како гаранција, но Судот одби. Судот смета дека оваа гаранција не е доволна, бидејќи се уште постојат околности за бегство. Така, осомничениот за случаите “Империја“ и “Парцелите на Водно“, останува во притвор.
