„Има партија во Собрание која го поддржува Путин“ дезинформации се шират најмногу на социјалните мрежи, оценува Ризаов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Воената инвазија на Русија врз Украина покрај другото стана и пропагандна војна. Колку феноменот на лажни вести во однос на руската инвазија е присутен во јавноста кај нас, со оглед на тоа дека во било која војна прва жртва се фактите и информациите? За ова се дебатираше во вчерашниот магазин на ТВ21 Клик плус на која првиот човек на Цивил Џабир Дерала вели дека поддржувачи на Русија во оваа војна има и во македонскиот парламент.

„Вие имате една ситуација во која Русија возејќи се на пост-втората светска војна имиџот што го носи Советски Сојуз во тоа време дека тоа е една од главните сили која го победила нацизмот и дека сега оди во нов поход да денацифицира некоја си држава.
– Имате и политички партии во Собрание, мислам тие се
Б.Ј. Една политичка партија која го прими и рускиот амбасадор
Една политичка партија во парламентот меѓутоа имате уште вонпарламентарни уште 2-3“, вели Дерала.

Колку тие дезинформации или пропаганда се присутни и кај нас. Според новинарот Горан Ризаов од Мета тие најмногу се шират на социјалните мрежи.

„Најголем дел од дезинформациите се шират на социјалните мрежи. Меѓутоа има и меинстрим медиуми кај нас кои исто така шират дезинформации особено во врска со војната во Украина. Еден од наративите е дека во оваа војна Русија се бори против фашизмот, глобалниот фашизам, дека целта е да го победи фашизмот и така натаму. До толку е тоа многу раширено, тој наратив раширен што постојат луѓе кај нас што се уште се расправаат дали воопшто има војна во Украина“, вели Ризаов.

Уште на самиот почеток на воената инвазија на Русија врз Украина, македонските власти решија да ја следат одлуката на Европската унија за забрана на пренесување на руските државни медиуми како што се Русија Денес и Спутник. Ова имаше единствена цел да не се дозволи ширење на дезинформации од руските медиуми.