„Имаме проблем со Софија, да не ‘спиеме на уво’ дека некој друг ќе нѝ ја заврши работата“, вели Петковски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Политичкиот аналитичар Љупчо Петковски вечерва е гостин во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатираме на актуелни политички теми, односно од надворешната политика, ветото со Бугарија, изјавата на Вархеи за одделување на Северна Македонија и Албанија, нон-пејперот на Јанша и други актуелни работи.

Петковски смета дека дипломатијата на нашата земја мора да се фокусира кон Софија, затоа што таа е нашиот проблем, а не Брисел, Мадрид или некој друг. И дека не треба да чекаме некој друг да ни ја заврши работата, како што чекавме толку време со Грција.

„Незрело се однесуваме, мислам на нашата дипломатија. Проблемот е во Софија, ако е таму, ќе го решиме со Софија. Не можеме да спиеме на увото ека некој голем ќе ни ја заврши работата, поучени од искуството од Атина. Две децении спиевме на увото дека некој ќе ја заврши работата, ќе ги стисне Грците и ќе успееме да најдеме решение. Мора да се договориме со Софија.“, вели Петковски.