Именување на улиците во Тетово – реагира Филипче, Касами бара процесот да не се политизира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Тетово го започна процесот за именување и промена на имињата на улиците, а формирана е и комисијата која ќе работи на овој проект. Меѓутоа, прашањето почна да се политизира преку општинските советници, па дури и партиските лидери.

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами бара оваа иницијатива да не се политизира и да не се попречува, бидејќи како што додаде во комисијата се застапени сите партии.

„Затоа, откако ја презедов функцијата на чело на општината, засукавме ракави и го започнавме процесот на идентификација и регистрација. Сега сме во фаза на официјализирање и отпочнување на процесот за именување на улиците со одлука на Советот на општината. Советот формираше комисија со членови на општинскиот совет и стручни членови на администрацијата и други граѓани. Процесот продолжува правилно од сите страни. Тоа е важен процес за модернизација на градот и општината за изградба на нови патишта и проекти“, вели Биљал Касами.

Инаку, во Тетово од 297 улици, само 81 имаат имиња, што ја отежнува комуникацијата и функционирањето.