Опремата за лоцирање на црните кутии од индонезискиот авион, кој се урна во саботата во заливот кај Џакарта, има технички проблеми и оштетена е, пренесува Би-Би-Си.
Црните кутии се лоцирани, но потребно е да се извлечат на површината.
Авион на Сривиџаја Ер полета од Џакарта со 62 лица, но исчезна од радарот во саботата.
Пронајдени се делови од авионот и телата на жртвите, а нуркачите ја утврдиле локацијата на црните кутии.
