Инфлацијата во САД благо забрза во јануари, со стабилен раст на цените на гасот, струјата и храната и само малку поевтин бензин, покажаа податоците на Министерството за труд во средата.
Потрошувачките цени во јануари биле за три отсто повисоки отколку во истиот месец во 2024 година, пресмета Министерството.
Нивниот раст се забрза четврти месец по ред, со зголемување на цената од 2,9 отсто во декември, 2,7 отсто во ноември и 2,6 отсто во октомври, покажуваат податоците на Министерството.
Годишната стапка на инфлација е највисока од јуни, кога исто така изнесуваше 3,0 отсто.
Без енергија и храна, цените во јануари се повисоки за 3,3 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат пресметките на Министерството. Во декември се зголемени за 3,2 отсто.
Бензините во јануари беа само маргинално поевтини од пред една година, за 0,2 отсто. Во декември неговите цени беа пониски за 3,4 отсто.
Цената на гасот повторно нагло поскапе, за цели 4,9 отсто, исто како и во декември. Струјата и храната во јануари поскапеа за два отсто, приближно исто како и претходниот месец.
Трошоците за изнајмување или одржување на стан повторно се значително зголемени, за 4,4 отсто, иако нешто помалку од декември.