Инспектор заробен од лица од муфтиството – инспекција со асистенција на полицијата на терен во Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општинскиот инспекторат со полициска асистенција излегол во акција на женскиот пазар во Тетово. Тие вршеле контрола дали муфтиството и натаму зема пари од продавачите нелегално. Шефот на општинскиот инспекторат на Тетово рече дека биле попречени во својата работа бидејќи неколку лица од муфтиството заробиле еден од инспекторите.

Општинскиот инспекторат Тетово денеска презеде акција за проверка на чаршијата, да ги извести трговците да не вршат уплата на лице кое не е овластено од општината. Ги информиравме дека општината не врши никаква исплата за продажба на нивните производи. Но, при нашиот увид наидовме и на проблеми. Неодговорни лица за кои се знае дека се вработени во муфтиството на Тетово го попречуваат инспекторатот за изведување на акцијата. Пред неколку недели општинскиот инспекторат наиде на проблеми во четвртокот. Дури и еден случај пријавивме во полиција, затоа што инспектор беше фатен во ќош од луѓе кои незаконски изнудуваа пари од граѓани“, вели Арменд Салихи.

СВР Тетово го потврди настанот.

На 24.10.2024 во 9 часот, општинскиот инспекторат и општинските чувари при вршење на редовната обврска на улицата 146 во Тетово, односно на импровизираниот пазар во Тетово, група граѓани предводени од Џ.С. вработен во Тетовското Теке, дебатираше вербално со нив и им се закануваше, а и се обидоа физички да нападнат еден од обезбедувањето на општината“, вели СВР Тетово.

Муфтијата Ќани Несими вели дека имаат договор за наплата, а го обвинува другиот муфтија Селвер Џемаили дека во договор со општината вршат притисок.

Општината, градоначалникот е во координација со Селвер, бараат на Пазарот не да не земаат пари, туку парите што ги добиваме со договор потпишан во 2004 година, меѓу тогашниот муфтија Али-фекри ефенди Есати и директорот на претпријатието Садик Беќири. … и отидоа, доколку ниту една договорна страна писмено не го раскине овој договор пред истекот, договорот автоматски се повторува за периодот од наредната година“, вели Ќани Несими.

Од Јавното комунално претпријатие „Тетово“ признаваат дека има договор за чистење на отпадот што се создава во четврток, но не и за овластување некој да собира пари. Договорот се очекува да биде раскинат.

ЈКП Тетово имало договор во 2004 со траење од една година, но тоа нема да значи дека доколку има договор з собирање отпад, тие да собираат пари од граѓаните. Договорот на нивно барање е нормално, секој комитент прави вакви договори за собирање на отпадот и ја врши таа услуга. Како муфтиство, ние имаме многу комитенти на кои има ја даваме таа услуга. ИВЗ Тетово има две години како не ја плаќа оваа услуга и тоа фигурира како долг од 350 илјади денари. Договорот е во процес на раскинување иако рокот е истечен од 2005“, вели Самет Бислими.

Проблемот меѓу Општинскиот инспекторат и муфтиството започна пред неколку недели. Од општината велат дека никој нема право да собира пари од продавачите на улица, а од муфтиството велат дека тоа место е до гробиштата и им припаѓа ним, затоа и натаму наплаќаат кирија од 50 до 200 денари на ден.