Инспекторите потпишуваат петиција со поддршка за директорот Пауновски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Инспекторите и другите вработени во Пазарниот инспекторат потпишуваат петиција за поддршка на директорот Стојко Пауновски, а бараат и итна средба со премиерот Зоран Заев.

Од таму упатуваат пофалници за Пауновски и велат дека условите кои ги обезбедил за вработените во Инспекторатот во сите овие години од неговиот мандат, се услови кои што вработените уште многу години во иднина ќе можат да ги користат.

Ваквата одлука следува откако попладнево премиерот Зоран Заев истакна дека очекува предлог за разрешување на Пауновски поради тоа што не сака да го потпише решението за вработување на 35 рамковни вработени во Инспекторатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: