Министерството за труд и социјална политика, и покрај законската обврска од Законот за употреба на јазиците, е единственото министерство кое нема албанска верзија на веб страната. Доставивме прашање до ова министерство зошто се уште немаат албанска верзија на нивната веб страна. Од таму со одговор дека наскоро ќе се направи тоа, но без да ни кажат конкретен датум.
„Изработката на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика на албански јазик е во финална фаза, очекуваме за краток период да биде ставена во функција“, посочија од Министерството за труд и социјална политика.
А инспекторите кои треба да се грижат за правилно спроведување на Законот за употреба на јазиците, никако да се подготвуваат и да излезат на терен. Директорот на овој Инспекторат, Фатмир Исени, пред скоро 9 месеци за ТВ21 изјави дека инспекторите се обучуваат и дека по неколку месеци ќе излезат на терен. Но и овој пат тој го изјави истото.
„Инспекторите на Инспекторатот за употреба на јазиците почна со обука веќе 2 месеци. По 2 месеци ќе влезат на испит, потоа уште еден месец имаат за општиот дел. Другиот дел е 9 месеци каде ќе има ментори и ќе излезат на терен, но немаат право да направат инспекциски надзор, туку со ментор ќе имаат практична настава“, вели Фатмир Исени.
По 9 месечната обука на терен со ментор од Надзорниот инспекциски совет, инспекторите ќе бидат опремени со лиценца и потоа ќе можат да излезат на терен за да вршат инспекција а и да санкционираат тие кои не го почитуваат законот.
„Откако инспекторите ќе ги добијат лиценците од Надзорниот инспекциски совет од тој момент тие ќе излезат на терен и ќе направат инспекциски надзор во институциите. Сакам да истакнам дека имаме и веб страна на Инспекторатот и апелирам до граѓаните да достават жалби за непочитување на нивните права. Врз основа на тоа, ние многу лесно ќе можеме да извршиме контрола“, додава Фатмир Исени.
Еднојазична, односно само на албански јазик е и веб страницата на првиот вицепремиер Артан Груби кој е и Министер за политички систем и односи меѓу заедниците. Како што може да се забележи, засега на неговата страница се објавуваат известувања и соопштенија само на албански јазик. Како што пишува, на македонски јазик страницата се уште е во подготовка.
Од Агенцијата за спроведување на законот за употреба на јазиците, на една година од влегувањето во сила на овој закон, објавија дека над 90 отсто од институциите во земјата не го спроведуваат законот, а очигледно тие нема да бидат казнети за тоа најмалку уште една година.
