Од оваа недела, многу корисници наведуваат дека сега гледаат „копче“ за да креираат нов пост од компјутер и дека сега можат да создаваат објави со помош на новиот систем.
Instagram сега ви овозможува да објавувате фотографии од вашата работна површина. Ова е пресвртница, бидејќи ова е прв пат популарна услуга за споделување фотографии официјално да дозволува објавување од извори надвор од мобилни уреди, според Петапиксел.
Компанијата официјално го потврди овој потег, наведувајќи дека тој најпрво е овозможен за некои корисници, и за сите корисници во наредните недели и месеци.
- Знаеме дека многу луѓе пристапуваат до Инстаграм од своите компјутери – наведуваат од компанијата. – За да го подобриме тоа искуство, ја тестираме можноста да создадеме објава на Инстаграм од десктоп прелистувач.
Плановите на Инстаграм за проширување на објавувањето од работната површина ги забележа развивачот Алесандро Палучи, додека компанијата сè уште ги тестираше плановите. Сепак, од оваа недела, многу корисници наведуваат дека сега гледаат „копче“ за создавање на нов пост на работната површина на веб-страницата и дека сега можат да создаваат објави со помош на новиот систем.
