Јапонија и Кина меѓусебно се обвинуваат за нарушување на воздушниот простор во влизина на островите во Источнокинеското Море, кои се под контрола на Јапонија, а на кои Кина има претензии.
Јапонското министерство за надворешни работи соопшти дека упатило протестна нота до Пекинг, откако кинески хеликоптер полетал од еден од четирите бродови на кинеската крајбрежна стража и влегле во територијалните води на Јапонија околу островите Сенкаку. Хеликоптерот го нарушил јапонскиот воздушен простор околу 15 мниути во саботата, соопшти министерството.
Во соопштението инцидентот беше наречен „нарушување на територијалните простор на Јапонија“ и се повикува кинеската влада да преземе мерки за спречување на слични инциденти во иднина.
Кинеската крајбрежна стража соопшти дека веднаш презела неопходни мерки во согласност со законот, и испратила хеликоптер од бродот за да го предупреди јапонскиот авион. Јапонските власти истражуваат можна врска помеѓу нарушување на воздушниот простор од страна на кинески хеликоптер и присуство на јапонски цивилен авион во областа во приближно исто време.
Инцидентот во саботата беше првото упаѓање на Кина во јапонскиот воздушен простор откако кинески извидувачки авион го наруши јапонскиот воздушен простор во близина на јужната префектура Нагасаки во август. Кинеските авиони досега двапати го нарушија јапонскиот воздушен простор во близина на островите Сенкаку.
