Инцидент во Германија: Прскал луѓе со киселина, повредени девет лица меѓу кои и полицајци и пожарникари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Девет лица се повредени кога маж ги испрскал со киселина во кафуле во Бохум, на истокот на Германија.

Инцидентот се случил во неделата во 15:25 часот, кога маж влегол во градината на кафулето и со киселина испрскал маж кој седел на маса, како и жена која седела со него и келнерка. Напаѓачот заминал, но многу брзо бил уапсен недалеку од кафулето, јавува Си-Ен-Ен . Во акцијата биле повредени и четворица полицајци и двајца пожарникари кои дошле во контакт со киселината.

Засега не се знае кој бил мотивот на нападот, а човекот кој бил прв нападнат има, според извештаите, многу сериозни повреди.