Авион на „Саутвест ерлајнс“ кој се подготвувал да полета од аеродромот во Далас бил погоден со куршум, поради што летот бил откажан во петокот вечерта, соопшти авиокомпанијата.
Во инцидентот нема повредени, а полицијата дошла на лице место откако била информирана дека куршум ја погодил десната страна на авионот, под пилотската кабина. Во тоа време, екипажот на летот 2494 го подготвувал авионот за полетување од аеродромот Лав Филд во Далас, се вели во соопштението на компанијата „Саутвест“.
Федералната управа за авијација соопшти дека авионот се вратил и патниците се симнале.
Авионот е отстранет од пистата, велат од авиокомпанијата, која на патниците ќе им ги надомести трошоците за летот.