Инженери ќе ја проверуваат статиката на зградата во Чаир за да се утврди дали може жителите да се вратат во становите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пожарот во магацинот на станбената зграда во Чаир конечно утрово е изгаснат.

Во моментов се испумпува вода од гаражниот простор, а пожарникарите продолжуваат со работа и во наредните денови.

Според информациите, по расчистување на просторот, во зградата ќе влезат инженери кои ќе вршат проверка на статиката на зградата за да утврдат дали е безбедно за граѓаните да се вратат во своите домови.