Иран го исмева Трамп, објави цртан филм со него

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По серијата изменети видеа за војната во Иран и успесите на американските сили објавени од Белата куќа, Иран одговори – исто така во форма на видео.

Иранската амбасада во Хаг објави видео на социјалните мрежи во четврток, создадено со помош на вештачка интелигенција, во анимациски стил што потсетува на филмот „Inside Out“.

„Во спомен на 168-те невини ученици од Минаб, чии животи беа сурово одземени од најзлобните луѓе во светот.

Нивните имиња може да исчезнат од насловите, но никогаш не смеат да исчезнат од нашата совест“, напишаа тие.