Израел и Иран повторно разменија напади, што е најсериозната ескалација од априлското примирје. Израел тврди дека погодил воени цели во западен и централен Иран откако пресретнал ирански ракети, додека Иран вели дека се одмаздува на израелските напади врз Бејрут.
Израелската телевизија Канал 12 објави дека, на барање на Доналд Трамп, израелските напади врз Иран се суспендирани.
Истата телевизија ја емитува изјавата на висок израелски функционер кој рекол дека израелската армија ќе ги нападне јужните предградија на Бејрут доколку Хезболах ги нападне израелските градови.
Функционерот, исто така, објави дека израелските напади врз јужен Либан ќе продолжат „со полн интензитет“ во наредните денови.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран „не го напуштил бојното поле ниту преговарачката маса“.
Во објава на платформата X, тој изјави дека приоритети на неговата земја се „националната безбедност и мирот на иранскиот народ“ и додаде дека Иран „нема да се повлече пред каква било закана“.
Неговите изјави дојдоа откако врховната воена команда на Иран, штабот на Хатам ал-Анбија, објави прекин на операциите на вооружените сили. Во исто време, тие рекоа дека доколку нападите продолжат, одговорот ќе биде „уште посилен и порешителен од претходно“.
