Иран им порача на САД: Фазата на еднострано самоограничување е завршена

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ирански извор изјави за Ал Џезира дека Иран испратил порака до Соединетите Држави, преку Катар, осврнувајќи се на растечките регионални тензии.

Во пораката до Вашингтон, Техеран рече дека „фазата на еднострано самоограничување е завршена“.

Исто така, се нагласува дека секој израелски напад ќе биде дочекан со „неконвенционален одговор“ кој би вклучувал таргетирање на израелската инфраструктура.

Во индиректна порака дополнително е нагласено дека Иран не сака регионална војна, рече функционерот, пренесува Ал Џезира.

На состанокот на израелскиот безбедносен кабинет, свикан од премиерот Бенјамин Нетанјаху во средата, беше договорено Израел да одговори силно на иранскиот ракетен напад во вторник.

Одговорот на Израел на иранскиот ракетен напад ќе има за цел да нанесе „значителна финансиска штета“, објави „Тајмс оф Израел“, цитирајќи израелски извор.

Атмосферата е дека одговорот „мора да биде значаен и мора да се случи наскоро“, рече изворот.