Иран му се закани на Израел: Одговорот на нападот ќе биде уште поразорен!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Командантот на иранската армија Абдолрахим Мусави го предупреди Израел да не врши злосторства против Иран и нагласи дека во спротивно ќе добие посилен и поразорен одговор.

На церемонијата во чест на Сејед Хасан Насрала, генералниот секретар на либанското движење Хезболах, Мусави рече дека Исламската Република Иран секогаш постапувала како што зборува, пренесе агенцијата Фарс.

Мусави, отфрлајќи го израелското тврдење за елиминација на тројца членови на Хезболах, нагласи дека Хезболах во последните денови им задава тешки удари на „ционистите“ и ќе продолжи да го прави тоа и во иднина.

Тој рече дека по убиството на Насрала, оние што го направиле тоа наскоро ќе платат висока цена. Иран минатиот вторник истрела околу 200 балистички ракети кон Израел и рече дека 90 отсто од нив ги погодиле нивните цели.