Иран привремено ослободи околу 54 илјади затвореници поради ширењето на коронавирусот во преполните затвори.
Министерството за правда соопшти дека одобрено е отсуство на затворениците кои биле негативни на тестовите за вирусот, и приложиле кауција.
Затворениците осудени на повеќе од пет години затвор, нема да бидат пуштени.
