1 мај за некого ден на празник и пикник – празнична атмосфера во Тетовска Бања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е атмосферата во Тетовска Бања денес, на Денот на трудот – 1 Мај.

Граѓаните на Тетово го користат овој ден за да го поминат со своите семејства во природа, додека во Бањата можат да ја најдат свежината на реката Пена, но и минералната вода.

На патот сретнавме граѓани кои велат дека често го посетуваат ова место. Истакнуваат дека минералната термална вода е многу нечиста и дека тоа се случува поради ниската свест на граѓаните.

„Да, прилично е чисто, таму долу водата… Сакаме понекогаш да влеземе бидејќи имаме болки, но не го имаат средено“.

„Ѓубре, водите така да се каже… тоа е, тоа е. Има многу отпад, да, има многу отпад колку сакаш. Немаме ни култура, ништо. Без култура сме. Далеку сме од култура, како другите градови“.

Ковачот Исмаилаки Демири, кој изработува скара, вршник и решетки, вели дека токму денес се надева да продаде повеќе. Се жали дека рачната работа се плаќа многу малку, поради поскапувањето на материјалите.

„Малку послабо, не малку туку многу послабо. Немаат луѓето, нема… Доаѓаат, прашуваат, земаат, но… сепак добро е што е барем така“, вели Исмалаки Демири.

– Зошто?

Цената на скарите зависи од материјалот, не е толку скапа, затоа што материјалот е поскап од работата. Но сепак добро е вака.

– Колку чини една скара, од колку почнува до каде оди цената?

„Па, од 1000 денари до 1500 денари за поголемата, има и со ногарки и без ногарки. Некои земаат со ногарки, некои без, тие се поевтини. Овде земаме од тие што остануваат за пиперки, но ги монтираме и можат да се користат и како скара и за печење пиперки. Материјалот многу поскапе. Но сепак работиме, да не останеме без работа.“

Иако 1 Мај историски се поврзува со протести и барања за работнички права, денес за многу луѓе повеќе се претвори во ден на празник отколку на отпор. Ова се случува затоа што со текот на времето, во многу земји дел од основните права се институционализирани, а празникот особено во периодот на социјализмот се користел за одмор, излети во природа и време со семејството.