Иран се заканува со одмазда за убиството на полковник од Револуционерната гарда

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Иран ќе се одмазди за атентатот на полковникот на Револуционерната гарда кој беше застрелан во Техеран, предупреди претседателот Ебрахим Раиси.

– Инсистирам на сериозен прогон (на убијците) од безбедносните сили и не се сомневам дека крвта на овој великомаченик ќе биде одмаздана, рече Раиси.

Полковникот Сајад Ходаи вчера беше застрелан пред својот дом од мотоциклист, а Иран за атентатот обвини „елементи поврзани со глобалната ароганција“, термин што се користи за САД и нивните сојузници, вклучително и Израел.